Повеќе од една четвртина Израелци примиле втора доза на вакцина против Ковид-19

Од:

Повеќе од една четвртина од населението во Израел примило втора доза вакцина против коронавирус на Фајзер/Бионетк, соопшти денеска израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн.

Во земјата со 9,3 милиони жители, вкупно 3,8 милиони веќе примиле вакцина, а меѓу нив 2,5 милиони се вакцинирани со втората доза, напиша Еделштајн на Твитер.

Тој ги повика другите Израелци да се вакцинираат.

– А вие? Ќе одите ли во теретани и на културни настани или ќе заостанувате? Вакцинирајте се!, порача Еделштајн.

Предвидено е кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху попладне да се состане за да дискутира за понатамошно олеснување на мерките бидејќи Израел постепено излегува од третиот карантин.

Тензиите меѓу Нетанјаху од десничарската партија Ликуд и министерот за одбрана Бени Ганц од центристичката партија Сино-бело достигнаа врв по распадот на нивната кризна влада на национално единство во декември.

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 23 март, по четврти пат во последните две години.

Ганц повикува на побрзо ублажување на мерките, но Нетанјаху бара претпазливост.

Израел потврди 5.368 жртви на коронавирусот од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Во Израел намалена ефикасноста на вакцината против коронавирусот

Во Израел повторно е задолжително носење заштитни маски во затворен простор на јавни места

Во Израел има помалку од 1000 активни случаи на Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Првпат по 10 месеци во Израел нема починати од Ковид-19

Израел почна со вакцинирање на палестински работници

Експертите го отфрлаат тврдењето на Нетанјаху дека Израел речиси го победил коронавирусот