Повеќе од еден милион бегалци од Сомалија

Од:

Во подрачјето на Рогот на Африка има 1,1 милиони бегалци од Сомалија, соопшти денеска комесаријатот за бегалци на ОН (УНХЦР).

Заклучно со 31 декември, во Кенија имало 532.660 сомалиски бегалци, во Јемен 219.057, во Етиопија 214.167 и во Уганда 29.603.сомалијци, кои сочинуваат 21 отсто од вкупниот број на имигранти кои дојдоа во оваа земја, што е 15 отсто помалку во однос на 2011-та.

Сомалијците сочинуваат 46,5 проценти од бегалците во кампот Какума во северозападниот дел на Кенија, а 31,8 отсто се бегалци од Јужен Судан.

УНХЦР соопшти дека бројот на бегалците во кампот го надминал капацитетот од 100.000 луѓе, и дека агенцијата преговара со властите за отворање на уште еден камп.

Кенија го одложи враќањето на сомалиските бегалци се додека не се поправи безбедносната ситуација во нивната земја, но голем број Сомалијци, поради се поголемата неизвесност во кениските градови, одлучуваат да се вратат во Могадиш.

Во кенискиот камп Дабаб во декември имало речиси 19.000 бегалци помалку отколку претходниот месец, соопшти УНХЦР.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата