Повеќе од 700 затвореници ослободени во Иран поради победата на фудбалерите над Велс на СП

Од:

Повеќе од 700 затвореници се ослободени во Иран по неодамнешната победа на иранската фудбалска репрезентација против Велс на Светското првенство во Катар, соопштија денеска иранските власти.

По поразот од Англија со 6:2, Иран во петокот го победи Велс со 2:0, а утре игра против САД.

Иранските правосудни власти ослободија 709 затвореници од различни затвори низ земјата по победата во натпреварот против Велс.

Меѓу нив има „некои лица кои беа уапсени за време на неодамнешните настани“, додаваат правосудните органи без да наведат дополнителни детали.

Под „настани“ тамошните власти ги подразбираат демонстрациите што го потресуваат Иран од 16 септември, кога младата Иранка Махса Амини почина во затворската болница, уапсена поради носење „несоодветна облека“ и кршење на строгиот кодекс за облекување на жените.

Иранските власти, кои ги означуваат демонстрациите како немири во земјата, конкретно ги обвинуваат странските сили дека стојат зад протестното движење со цел дестабилизација на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел