Повеќе од 600 масовни престрелки во САД оваа година

Од:

Трета година по ред, САД забележаа повеќе од 600 масовни престрелки за една година, покажуваат податоците на непрофитната организација Gun Violence Archive (GVA), а вкупниот број на убиени од огнено оружје достигна 39.816.

Според организацијата, досега оваа година имало 609 злосторства во кои четири или повеќе лица, не сметајќи го вооружениот напаѓач, биле застрелани – што ги става САД на пат да достигнат 675 масовни престрелки до крајот на годината.

Весникот Хил потсетува дека минатата година имало дури 690 масовни престрелки низ САД, што е зголемување од 610 во 2020 година и 417 во 2019 година.

Претходно оваа недела, пет лица беа убиени во масовно пукање во ноќниот клуб Q во Колорадо Спрингс, а уште шест беа убиени во средата во Волмарт во Чесапик, Вирџинија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски