Повеќе од 30 предградија на Мелбурн повторно во карантин

Од:

Австралиските власти од денеска на полноќ воведуваат мерка карантин за околу 300.000 луѓе во предградија во северниот дел на Мелбурн.

Мерката се воведува по двонеделниот двоцифрен пораст на бројот на новозаразени со Ковид-19 и ќе биде во сила до крајот на месецов.

Епидемиолошката ситуација во Австралија во текот на целото траење на пандемијата е значително подобра отколку во другите држави во светот. Досега во земјата се регистрирани околу 7.830 заразени лица и 104 смртни случаи од последиците на новиот коронавирус.

Неодамнешниот пораст на бројот на заразени го поттикна стравот од појава на втор бран на епидемијата. Поради тоа третата фаза рестриктивни мерки ќе биде вратена во над 30 предградија на Мелбурн, вториот град по големина во Австралија, во обид да се стави под контрола ширењето на коронавирусот.

Тоа значи дека граѓаните нема да смеат да ги напуштаат своите домови освен за пазарење, посета на лекар, давање или примање нега и помош, заминување на работа и во училиште и поради вежбање. Освен тоа, ќе бидат спроведени и брзи тестови на коронавирус, за кои властите се надеваат дека ќе опфатат половина од популацијата која живее во овие подрачја.

Рестриктивните мерки се усвоени откако во остатокот од државата Викторија дошло до олабавување на мерките во изминатите недели, кога биле отворени ресторани, фитнес центри и кино салите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

ВИДЕО: Полицаец убил познат автралиски ТВ водител и неговто момче

Катерина Ѓуровски

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили