Повеќе од 12 милиони деца во Нигерија не одат во училиште поради страв од киднапирање

Од:

Повеќе од 12 милиони деца во Нигерија не одат во училиште поради страв дека ќе бидат киднапирани од милитанти, изјави претседателот Мухамаду Бухари.

– Во моментов, повеќе од 12 милиони деца се ментално трауматизирани и се плашат да одат во училиште, особено девојчињата. Постојаните напади врз образовниот систем, како што се киднапирањата на ученици, зголемениот број милитанти и општата несигурност во училиштата, ја влошија ситуацијата и доведоа до зголемување на бројот на деца кои не одат во училиште, истакна претседателот на конференцијата за безбедност во образованието во главниот град Абуџа.

Тој истакна дека психата на учениците кои биле киднапирани или чии соученици или наставници биле киднапирани е трауматизирана, како резултат на што тие се помалку способни да се концентрираат на учењето и поретко посетуваат настава.

Во последните неколку години во Нигерија не престануваат масовните киднапирања на ученици за откуп. Од декември досега во земјата се киднапирани повеќе од 1.000 ученици.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи