Повеќе од 100 милиони евра казни за кршење на прописите за заштита на личните податоци

Од:

Европските регулатори од средината на 2018 година изрекле парични казни во вкупен износ 114 милиони евра поради кршење на прописите за заштита на личните податоци.

Највисока поединечна казна од 50 милиони евра изрече Франција за Гугл. Додека највисока поединечна казна предложи британскиот регулатор од 183 милиони фунти за авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ поради кражба на личните податоци на половина милиони клиенти.

Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР) воведена е со цел да се заштитат личните податоци и предвидени се строги казни ако компаниите изгубат контрола над податоците или пак ги обработуваат без согласност на клиентот.

Регулаторите теоретски можат да казнат компанија со два до четири отсто од нејзините глобални приходи, но во пракса се докажа дека високите казни „не проаѓаат“ на суд.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден