Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија украинскиот град Суми

Од:

Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија опколениот град Суми во североисточна Украина во операција „безбеден премин“, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

„Автобусите со ознаки на МКЦК се упатуваат кон градот Лубни во централна Украина, но можеби нема да можат да ја користат директната рута“, изјави портпаролот на МКЦК, Џејсон Страциусо.

Тој рече дека руската страна дала дозвола за евакуација.

Во автобусите има само жени и деца.

„Повеќе од 100 автобуси се движат во два одвоени конвои. Тоа е заедничка операција на МКЦК и украинскиот Црвен крст“, рече Страциусо.

Според Меѓународната организација на ОН за миграција, околу три милиони луѓе ја напуштиле земјата по руската инвазија на Украина пред 20 дена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала