Повеќе од 10 милиони луѓе во Франција примиле прва доза вакцина против Ковид-19

Од:

Франција денеска го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија првата доза на вакцината за коронавирус. Тоа го изјави денеска премиерот Жан Кастекс, додека во земјата се на сила строги мерки против епидемијата.

– Државата само што го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија првата доза на вакцина … Тоа е многу добар ефект, луѓето се вакцинираат во Франција, нагласи Кастекс, чија цел е вакцинирање на околу десет милиони луѓе до средината на април.

Францускиот премиер рече дека 20 милиони луѓе треба да се вакцинираат до средината на мај, а 30 милиони до средината на јуни.

Во државата во моментов се хоспитализирани речиси 31.000 лица, а во одделите за интензивна нега има 5.746 пациенти.

Би можело да ве интересира

Врвот на третиот бран на коронавирус во Франција може да се достигне за 10 дена

Германија ќе затвори дел од границата со Франција

Франција ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки

Поддршка за „АстраЗенека“ и од Франција

Французите повеќе и веруваат на Европската Унија отколку на својата влада

Во Франција барање за нов „локдаун“ во земјата