Повеќе од 1.200 мигранти пристигнале на Канарските острови изминатиов викенд

Од:

На шпанските Канарски острови изминатиов викенд пристигнале 1.275 мигранти од Африка, и тоа со 42 дрвени чамци, соопштија денеска локалните власти.

Бројот на мигранти кои патуваат со брод од Северна и Западна Африка до архипелагот во Атлантскиот Океан, оваа година нагло се зголеми. Од јануари, до островите пристигнале околу 17.000 мигранти.

Повеќето мигранти се донесени во пристанишниот град Аргуиневин, на островот Гран Канарија, за регистрација и тестирање на коронавирус.

Од пристаништето, луѓето се пренесуваат до засолништа за итни случаи и празни туристички објекти.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он