ПОТРЕСНО ВИДЕО: Oдбиено барањето за еутаназија и достоинствена смрт

Од:

Врховниот суд на Велика Британија го одби барањето на целосно парализиран пациент да ја смени одлуката од британскиот закон за еутаназија, и да им дозволи на докторите да му го одземат животот.

Тони Никлинсон, кој има 58 години, во 2005 година претпе мозочен удар, ја загуби моќта на говор и остана целосно парализиран. Никлинсон минатиот јануари побара од Врховниот суд да објави дека ниту еден доктор кој ќе му го одземе животот со негова согласност, нема да биде кривично гонет.

Судот одлучи дека за вакви барања може да одлучи само парламентот.

„Мислев дека ако судот ме види ваков, крајно несреќен и незадоволен, беспомошен да направам било што со мојот инвалидитет, ќе ги прифати моите причини зошто не сакам да продолжам со животот и дека треба да имам право на достоинствена смрт, стои во изјавата на Никлинсон.

„Не можам да се помирам со фактот дека законот сака да ме осуди на живот кој секој ден е се попонижувачки и појаден“, вели тој.

Одлуката на судот ја поддржа и Британското лекарско здружение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв