Потребни се 450 години за разградување на пластичните заштитни маски

Од:

Министерството за јавно здравје на Белгија денеска соопшти дека се потребни 450 години за да се разградат пластичните заштитни маски за превенција на заразата од Ковид-19.

Информацијата е објавена денеска преку националната белгиска агенција, Белга, врз основа на податоци на одделот за заштита на морската средина во Министерството за здравство.

Министерството од денеска започнува кампања за сензибилизација на граѓаните насловена „Морето почнува кај вас дома“.

Од почетокот на здравствената криза властите забележуваат наплив на фрлени пластични маски по улиците и во Северно Море и предупредуваат дека процесот на разградување на овие маски е екстремно долг.

Дури и по 450 години малите пластични фрагменти од маската сѐ уште не се целосно елиминирани, информираат од Министерството.

Освен фрлени маски, сѐ повеќе се наоѓаат и пластични заштитни ракавици и шишенца од гелови за дезинфекција по плажите и улиците во Белгија, покрај веќе постоечките осум милиони тони пластичен отпад.

– Морските животни можат да ги поистоветат овие предмети со медузи, кога ги голтаат нивниот стомак веднаш се полни, но без никаков нутритивен придонес, што со тек на време ги ослабнува. Се случува животните да бидат заглавени во маските, и, конечно, микрочестичките можат да се најдат во нашата исхрана, соопшти белгиското Министерство за здравство.

Кампањата ги повикува граѓаните да бидат совесни и да ги фрлаат маските во канти за отпад или да изберат маски за повеќекратна употреба.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

Во ЕУ од денеска забранети пластични производи за една употреба

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море

А1он

Стапи на сила забраната за пластични сламки и лажички во Британија

А1он

Кока-Кола, Нестле и Пепси најголеми загадувачи со пластика

Ана Ололовска

Светот произведува и троши сè повеќе пластика

Ана Ололовска