Потона траект во близина на Филипините, две лица загинати

Од:

Филипинската крајбрежна стража денеска соопшти дека две лица загинаа, а седум се водат како исчезнати по потонување на траект во водите во централната област на земјата, додека повеќето патници и членови на екипажот се спасени.

Заменик шефот на крајбрежната стража во провинцијата Масбате, Бајани Белесарио изјави дека веднаш по несреќата спасени се 61 лице – 22 члена на екипажот и 39 патници.

Според него, засега не е позната причината за несреќата. Некои од патниците изјавиле дека предната десна страна на фериботот се наведнала, по што тој се превртел.

Капетанот истакна дека можеби траектот не можел да задржи рамнотежа поради големиот број на тешки камиони.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони