Потона брод во Атлантикот, се трага по 11 членови на екипажот

Од:

Во Атлантскиот океан потона бродот „Бурбон род“, при што три лица се спасени, а по 11 се трага, пренесе хрватски „Индекс“.

Бродот се движел кон Гвајана, на околу 1.200 наутички милји од Мартиник и 60 наутички милји од ураганот од четврта категорија „Лоренцо“, кога се нашол во временски неприлики.

На него биле 14 членови на екипажот, а капетанот на бродот бил од Шибеник, пренесе „Индекс“.

Пријавено е дека три лица биле пронајдени во чамец за спасување, додека по останатите се трага.

Според „Вечерњи лист“, капетанот на бродот е Дино Мишкиќ од Шибеник.

Весникот додава дека од Министерството за надворешни работи на Хрватска им потврдиле дека освен капетанот, на бродот немало други Хрвати.

Претставник на украинското Министерство за надворешни работи на „Твитер“ потврди дека двајца од тројцата спасени морнари биле Украинци.

Потрагата продолжува, а како што јави компанијата „Бурбон“, во чија сопственост е бродот, временските услови се подобруваат.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

МНР: Сквернавењето на спомен плочата на загинатите бугарски туристи е изолиран случај кој најстрого го осудуваме

А1он

Бугарското МНР го осуди сквернавењето на спомен плочата на загинатите бугарски туристи во несреќата на бродот „Илинден“

А1он

Со графити нагрдена спомен-плочата пред паметникот посветен на жртвите во бродската несреќа на Охридското Езеро

А1он

Во мал брод во Атлантски океан пронајдени 20 мртви лица, меѓу кои и две деца

Силен земјотрес во Атлантскиот Океан