Постигнат договор меѓу Фејсбук и австралиската Влада

Од:

Австралискиот министер за финансии Џорџ Фриденберг најави дека Фејсбук ќе ги одблокира информативните страници и потврди дека Владата предложила отстапки и измени на спорниот закон, со кој е предвидено компанијата да им плаќа на издавачите за информативните содржини.

Австралија предложи четири амандмани на спорниот закон, а менаџментот на Фејсбук соопшти дека се задоволни со предложените отстапки на Владата.

– Задоволни сме што австралиската Влада се согласи на бројни измени и гаранции да и се овозможат на нашата компанија комерцијалните работи кои се подеднакво корисни за издавачите колку и нивната работа за нас, објави компанијата Фејсбук.

Фејсбук минатата недела ги блокираше сите содржини со вести и неколку профили на австралиската Влада и Министерството за вонредни ситуации, но по преговорите меѓу министерот Фриденберг и извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг е постигнат договор со соодветни отстапки.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча