Поставен камен-темелник на третиот мост над Босфор во Истанбул

Од:

Во Истанбул денеска беше поставен камен-темелник за изградба на трет мост на Босфорскиот Проток.

Со широчина од 59 метри, новиот мост ќе биде еден од најшироките во светот. Низ него ќе минуваат осум ленти за патен сообраќај и две железнички пруги.

Изградбата на мостот, кој треба да биде завршен во 2015 година, се предвидува да чини три милијарди долари. Мостот ќе го гради турско-италијански конзорциум.

Турскиот претседател најави дека мостот ќе се вика „Јавуз Султан Селим“, во чест на османлискиот султан кој владеел од 1512 до 1520 година.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски