Последните преговори за иранската нуклеарна програма, поконструктивни од претходните, според западен дипломат

Од:

 Преговорите за иранската нуклерана програма меѓу „шесторката“ (петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија) и Техеран оваа недела беа поконструктивни и попозитивни од претходните, но на средбата во април ќе стане јасно дали Иран е подготвен да води сериозен дијалог, изјави западен дипломат, јави БТА.

Дипломатот изрази поголем оптимизам од другите западни дипломати за преговорите, кои се одржаа во Казахстан, нагласувајќи оти е можен дипломатски напредок по прашањето за нуклеарната програма на Иран.

– Овој пат преговорите беа поконструктивни и попозитивни од претходните средби, бидејќи вниманието навистина беше насочено кон предлозите ставени на масата, изјави дипломатот, кој побарал анонимност.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи исто така изрази оптимизам, нагласувајќи дека преговорите меѓу Иран и светските сили оваа недела се придвижиле во позитивна насока.

– Ги означувам како важен момент. Тоа е повратна точка во преговорите. Се движиме кон цели, кои ќе ги задоволат двете страни. Јас сум мошне оптимистичен и имам надеж по тоа прашање, изјави тој во интервју за австриската државна радио телевизија.

Салехи не изнесе детали за разговорите во Казахстан, но според него фактот дека разговорите ќе бидат обновени по еден месец покажува дека процесот се движи напред.

На последните преговори шестте светстки сили предложија мало олеснување на санкциите против Иран, во замена за ограничување на најспорните нуклеарни активности на земјата. Двете страни се договорија да одржат преговори на експертско ниво на 18 март и повторно да се сретнат во Алмати на 5 и 6 април за политички дискусии.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски