Португалскиот Парламент синоќа усвои пет предлог-закони за легализација на еутаназијата, опција што постои во мал број земји.
Усвоените текстови сега треба да бидат консолидирани во еден за кој Парламентот ќе го изгласа подоцна, веројатно до летото.
Португалскиот Парламент го отфрли нацрт-законот за еутаназија во мај 2018 година.
Доколку парламентот го донесе законот, Португалија ќе стане четврта европска земја со легализирана еутаназија, по Холандија и Белгија во 2002 година и Луксембург во 2009 година.