Португалската морнарица заплени 2,5 тони кокаин

Од:

Португалската полиција соопшти дека запленила 2,5 тони кокаин и уапси 11 лица од панамски брод во близина на брегот на Португалија на Атлантикот.

Во заедничка операција на морнарицата и военото воздухопловство уапсени се 11 државјани на европски држави, од кои поголемиот број се од Источна Европа.

Се проценува дека запленетиот кокаин на црниот пазар чини од 100 до 125 милиони евра.

Бродот бил забележан во меѓународни води во јужна Португалија, а се уште не е познато од која јужноамериканска држава тргнал.

Најголемата заплена на кокаин во Португалија беше во 2006 година, кога властите открија осум тони.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија