Португалската морнарица одземала два тони кокаин од јахта во Атлантскиот океан, вреден 70 милиони евра и во таа прилика биле уапсени двајца странски државјани (51) и (53) годишни, соопштила португалската полиција.
Се наведува дека до запленувањето дошло по особено тешки временски услови пренесува АП.
Операцијата била изведена со помош на полицијата од Бразил, САД, Велика Британија, Франција и Шпанија.