Португалија стравува од нова мигрантска рута од Северна Африка

Од:

Португалските власти се посебно внимателни поради можно отворање нова мигрантска рута од Северна Африка во Европа, откако осуммина Мароканци со дрвен чамец стасаа на јужниот брег на таа земја. Мажите на возраст меѓу 16 и 26 години изјавија дека минале пет дена на море, патувајќи 700 километри од западниот брег на Мароко.

Португалската служба за странци и гранична служба соопшти дека на мигрантите ќе им биде дозволено да останат во земјата. Стотици илјадници мигранти преминаа преку Средоземното Море во јужна Европа во текот на последните години, но главно не ја користеја Португалија.

Шефот на португалските оружени сили Антонио Рибеиро рече дека „мораат да бидат будни и будно да следат што се случува на јужниот брег“, во случај мигранти да се обидат преку таа земја да влезат во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силни турбуленции, повредени 10 патници-снимка на летот над Лисабон

Предраг Петровиќ