Португалија поради сушата ќе ја користи водата од акумулациите за пиење

Од:

Португалската влада му нареди на раководството на група хидроцентрали привремено да го ограничат користењето на водата за производство на електрична енергија и наводнување поради загрижувачката суша, давајќи приоритет на нејзината употреба за пиење.

Португалскиот институт за метеорологија (ИПМА) соопшти дека сушата, која започна во ноември, се влошила, достигнувајќи умерено ниво од 54 отсто од територијата во Португалија, 34 отсто високо ниво и 11 отсто екстремно.

Португалија има околу 60 хидроцентрали кои покриваат 30 отсто од потрошувачката на електрична енергија, според Португалското здружение за обновлива енергија.

Засега, пет брани во централниот дел на земјата речиси целосно ќе го прекинат производството на електрична енергија, а браната во регионот Алгарве на југ, особено тешко погодена од сушата, мора да престане да ја користи водата за наводнување.

Министерот за животна средина Жао Педро Матос Фернандес на прес-конференција во вторникот рече дека другите брани имаат доволно вода за да го компензираат ограниченото производство.

„Состојбата со сушата е загрижувачка. Доколку прогнозите се влошат, ќе мора да ги прошириме мерките“, рече Фернандес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силни турбуленции, повредени 10 патници-снимка на летот над Лисабон

Предраг Петровиќ