Португалија ќе и испрати на Украина тенкови „Леопард 2“

Од:

Португалскиот премиер Антонио Коста денеска изјави дека во Украина ќе испрати тенкови „Леопард 2“, додавајќи дека неговата земја преговара со Германија за набавка на делови потребни за поправка на неупотребливите тенкови „Леопард“ од португалските вооружени сили.

Коста не соопшти колку тенкови ќе бидат испратени во земјата што една година се соочува со инвазија од својот сосед Русија.

-Работиме на организирање на испораката. Знам колку тенкови ќе испратиме во Украина, но тие информации ќе ги соопштиме во соодветно време, изјави Коста за агенцијата „Луса“ за време на патувањето во Централноафриканската Република, пренесе Гардијан.

Адмирал Антонио Силва Рибеиро, командант на вооружените сили на Португалија, минатиот месец изјави дека Португалија има 37 тенкови „Леопард 2“, по што локалните медиуми објавија дека повеќето од нив биле неисправни.

Би можело да ве интересира

Мистериозна операција скапо ја чини Украина: „Умираат без воопшто да стигнат до брегот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Руски војник кај Авдивка: Погледнете што се случува овде, не уништија

Путин: Се обидоа да ја уништат Русија, нема да успеат-никогаш

Кирби: Ако не ја поддржиме Украина, американските безбедносни и економски интереси ќе претрпат голема штета

Предраг Петровиќ

Болниците преполни, СЗО предупредува: Она што се случува во Украина може да се прошири во целиот свет

ВИДЕО: Нов Бахмут, нова кланица: Русите испраќаат дури и инвалиди, трпат страшни загуби, но го опколија градот