Португалија испрати 146 маринци во Литванија за да се придружат на силите на НАТО

Од:

Португалија испрати 146 маринци во Литванија за да им се придружат на силите на НАТО таму, со цел да го зајакне источното крило на Алијансата по руската воена операција во Украина, објави португалското Министерство за одбрана.

Единицата вклучува и нуркачи специјализирани за деактивирање на мини и други експлозивни направи.

Мисијата „поддржува високи нивоа на подготвеност и обесхрабрува директни или индиректни закани“ против членките на НАТО, особено во регионот на Балтичкото Море.

Тимот специјалци во Литванија ќе престојува три месеци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството