Порпаролката на рускиот опозиционер Навални доби казна за ограничено движење

Од:

Руски суд денеска ја осуди Кира Јармиш, портпаролка на рускиот опозиционер, Алексеј Навални, на 1,5 година ограничено движење заради организирање протести за време на епидемијата на коронавирусот.

Јармиш (31) во јануари беше обвинета за учество во организирањето собири за поддршка на Навални, кога тој беше уапсен по неговото враќање од лекување во Германија во Русија.

Тимот на Навални на Твитер соопшти дека Јармиш е прогласена за виновна за „поттикнување прекршување на мерките против коронавирусот“.

Таа од февруари се наоѓа во домашен притвор и според одлуката на судот следната 1,5 година ќе и биде забрането да ја напушта Москва или да учествува на јавни настани.

Навални (45) минатата година се лечеше во Германија од труење со нервниот агенс „Новичок“и беше уапсен во јануари, откако се врати во Русија. Тој во моментов издржува затворска казна од две и пол години.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски