Порошенко: Зошто Бајден, многу добар пријател на Украина, не би ја посетил земјата?

Од:

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави за Си-Ен-Ен дека американскиот претседател Џо Бајден треба да ја посети Украина додека е во Европа, на самитот на НАТО во Брисел следната недела.

„Зошто мојот многу добар пријател, многу добар пријател на Украина, Џо Бајден, лидерот на глобалниот свет, кој сега го демонстрира тоа лидерство, не би дошол да ја посети Украина следната недела и на тој начин да покаже солидарност“, рече Порошенко, кој носеше воен елек опкружен со војници во Киев.

Една недела по рускиот напад врз Украина, Порошенко излезе со калашников на улиците на Киев.

На прашањето на новинарите со што се вооружени Порошенко и групата со која е тој и што имаат намера да направат кога Русите ќе влезат во центарот на Киев, поранешниот украински претседател одговори: „Многу е едноставно. Еве, ова е краток калашников. Имаме околу 300 членови на територијалната одбрана и имаме два митралеза, тоа е тоа. Немаме тешка артилерија, немаме тенкови…“

„Тој сака да ја уништи не само Украина, туку и целиот Запад, вклучувајќи ги Британија и САД“, рече Порошенко за Путин, додавајќи дека рускиот претседател „секогаш оди подалеку“ и нагласи: „Не правете компромиси со Путин“.

Американскиот претседател Џо Бајден ќе отпатува на вонредниот самит на НАТО во Брисел на 24 март за да ја повтори „непоколебливата посветеност“ на САД кон своите сојузници за време на руската инвазија на Украина, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој свика вонреден самит, се очекува потврда за „цврстата поддршка за Украина“ и отворање на прашањето за „зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО пред новата реалност за нашата безбедност“.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ