Порошенко: Најважен совет – Не му верувај на Путин

Од:

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го посоветува својот наследник Володимир Зеленски да не се среќава со Путин тет-а-тет.

– Најважниот совет е – не му верувај на Путин. Исто така, би го советувал да не се среќава сам со него, рече Порошенко.

Тој додаде дека за време на претстојните преговори во рамки на „Нормандиската четворка“, Зеленски не треба да ја покрене темата за гасот, така што на Русија нема да и се даде можност да формулира понуда за „евтин гас за важни политички отстапки“, бидејќи тоа би било неповолно за Украина.

Состанокот на лидерите на „Нормандиската четворка“ за решавање на состојбата во Украина ќе се одржи на 9 декември во Париз.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека постои поголем оптимизам за исходот од претходната средба.

Би можело да ве интересира

Шест држави досега се пријавија да ја преземат новата руска вакцина против Ковид-19, меѓу нив и Србија

Азар за руската вакцина против Ковид-19: Важна е ефективноста а не да се биде прв

А1он

Русија и СЗО преговараат околу можна проверка на руската вакцина

А1он

Руската вакцина за Ковид-19 ќе штити до две години, тврдат здравствените власти

А1он

Руски „Мигови“ имале блиска средба со американски дрон

А1он

Словачка протера руски дипломати поради шпионажа

А1он