Поранешниот шпански крал Хуан Карлос ќе се врати во земјата

Од:

Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос ќе се врати во земјата овој викенд, првпат од август 2020 година.

Шпанската телевизија „Кадена СЕР“ објави дека поранешниот монарх прво ќе ја посети Галиција, а потоа и Мадрид, каде се очекува да се сретне со неговиот син, сегашниот крал Фелипе Шести.

Хуан Карлос живее во Абу Даби откако ненадејно ја напушти Шпанија во 2020 година, поради неколку истраги за корупција и финансиски измами. Сите кривични постапки против Хуан Карлос сега се суспендирани и во Шпанија и во Швајцарија.

Единственото судење со кое сè уште се соочува е во Велика Британија, каде што неговата поранешна партнерка го тужи за малтретирање.

Хуан Карлос абдицира во 2014 година по јавните критики за ловечко патување во Боцвана и корупцискиот скандал во кој се вмешани неговата ќерка и зет.

Во текот на викендот, кралот Фелипе Шести отпатува во Обединетите Арапски Емирати за да изрази сочувство за смртта на шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски