Поранешниот руски претседател Медведев се потсмеваше на посетата на европските лидери на Киев

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се потсмеваше на посетата на четворицата европски лидери на Киев, нарекувајќи ги бескорисни во твит, во кој се исмејуваше со националните стереотипи.

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша тој на англиски, алудирајќи на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

Медведев беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а моментално е заменик-претседател на Советот за национална безбедност. Од почетокот на руската инвазија тој на својот Твитер профил често ги исмева изјавите на европските политичари.

Посетата на лидерите „нема никаква корист“, напиша тој. „Тие ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, зашеметени од горилка (украинска вотка) и патуваа со воз, како пред 100 години“.

„Да, тоа нема да ја приближи Украина до мир. Часовникот отчукува“, напиша тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев за маскарот: Ќе ги одмаздиме сите, само чекајте, гадови

Катерина Ѓуровски

Медведев: САД започнуваат војни под изговор за ширење демократија, нивната цел се парите

Медведев: Историските делови од Русија ќе се вратат дома

„Идиоти“, „високорангирани морони“ и „уште една будала“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Се поблиску сме до апокалипса

Медведев: Дедото Бајден што умира можеби сака да земе половина од човештвото со себе во смрт