Поранешниот романски претседател Басеску поддржува легализација на проституцијата

Од:

Поранешниот романски претседател Трајан Басеску изјави дека поддржува легализација на проституцијата, со цел намалување на шверцот со луѓе.

Басеску го критикуваше недостигот на храброст кај некои политичари кои не се осмелуваат да се спротивстават на Романската православна црква и да предложат предлог-закон во таа насока.

– Обемот на трговија со млади жени, особено од селата, го направи овој феномен… мора да се преземе акција за промена на казнената политика за ваквите активности, изјави синоќа Трајан Басеску за телевизија Б1.

– Има многу несреќни мажи, кои не можат да си пронајдат партнерка и прибегнуваат кон вакви услуги. Мислам дека дојде моментот да ја отвориме дискусијата за легализација на проституцијата како решение за намалување на незаконската трговија со луѓе, истакна поранешниот претседател.

Како пример тој ги посочи Германија, Холандија и белгија каде проституцијата е легализирана и жените се заштитени.

Би можело да ве интересира

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски