Поранешниот премиер и претседател на Ерменија осомничен за проневера на милион долари

Од:

Ерменската Служба за специјални истраги денеска соопшти дека поранешниот претседател и премиер на оваа земја, Серж Саргсијан, е осомничен за вмешаност во проневера на повеќе од милион долари државни средства наменети за субвенционирање на гориво за земјоделците.

Истражителите од него побарале да не го напушта главниот град Ереван и во него да ја чека истрагата.

Според ерменскиот закон, доколку се докаже вина тој може да биде осуден на казна до осум години затвор.

Саргсијан на функцијата премиер се префрли во 2018 година, по двата мандати минати на функцијата претседател на Ерменија, но набрзо потоа беше симнат од власт од демонстрациите што ги предводеше Никол Пашинијан, кој подоцна го замени на местото претседател на ерменската Влада.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска