Поранешниот менаџер на кампањата на Трамп сведочи во Конгресот

Од:

Поранешниот менаџер на кампањата на Доналд Трамп, Кори Левандовски, денеска ќе сведочи пред Комитетот за правда на Претставничкиот дом, за тоа дали Трамп ја опструирал правдата.

Ова е прво од неколку закажани сведочења во рамки на заложбите на некои демократски конгресмени да започнат процедура за импичмент на претседателот.

Трамп од демократите е осомничен дека вршел опструкција на правдата со барањето до Левандовскии да врачи писмена наредба до поранешниот главен обвинител Џеф Сешнс да ја лимитира истрагата на поранешиот специјален обвинител Робарт Малер за руската вмешаност во изборите 2016 година. Левандовски сепак никогаш не ја пренел наредбата на Трамп.

Во меѓувреме, овинителството на Њујорк со судски налог побара увид во личните и корпоративните даночни пријави на претседателот за период од осум години со цел да се изврши увид во повратот на данокот. Обвинителите се посебно заинтересирани за исплати што ги направил личниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кон порно актерката Сторми Даниелс, откако таа тврдеше дека имала афера со Трамп.

Претседателот негираше дека имал афера и каква било злоупотреба.

На претходни сведочење во Конгресот Коен призна дека ги извршил плаќањата. Тој сега издржува казна затвор во траење од три години за финансиски малверзации, затајување данок и други кривични дела.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат