Поранешниот либиски премиер Џибрил почина од коронавирус во болница во Каиро

Од:

Поранешниот либиски премиер, Махмуд Џабрил умрел вчера во болница во Каиро, откако се заразил со коронавирусот.

Мисијата на ОН О за поддршка на Либија (УНСМИЛ) соопшти дека Џабрил умрел по „борбата со инфекцијата на коронавирус“, пренесе Си-Ен-Ен.

-Махмуд Џабрил посебно беше посветен на изградбата на цивилното општество и промоцијата на вклучувањето на жените и младите Либијки во политиката. На многу им беше пријател и ментор, а неодмана учествуваше на Форумот за политички дијалог под патронат на ОН. Многу ќе ни недостига, изјави претставничката на генералниот секретар на ОН и лидерка на УНСМИЛ Стефани Вилијамс.

Неговата партија НФА на 27 март соопшти дека Џибрил е позитивен на Ковид-19 додавајќи дека се чувствува „стабилно и е на пат да заздрави“.

Џибрил (67) беше привремен премиер на опозициската влада до одржувањето на првите слободни избори во 2012 година, по соборувањето на дотогашниот долгогодишен лидер Моамер ел-Гадафи

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски