Поранешниот француски премиер Едуар Баладир не е виновен за тајно финансирање на неговата претседателска кампања во 1995 година

Од:

Повеќе од 25 години по настаните, на поранешниот француски премиер Едуар Баладир му се судеше заедно со неговиот поранешен министер за одбрана Франсоа Леотар под сомнение за тајно финансирање на неговата неуспешна претседателска кампања во 1995 година. Баладир доби ослободителна пресуда, вториот условна казна затвор од две години.

Поранешниот премиер денеска е ослободен од Судот на правдата на Република, кој му судеше под сомнение за тајно финансирање на неговата неуспешна претседателска кампања од 1995 година, еден од аспектите на аферата Карачи (за атентатот врз француските инженери во Карачи). Неговиот поранешен министер за одбрана, Франсоа Леотар, познат како и прв специјален претставник на ЕУ во нашата земја, беше осуден на условна казна затвор од две години и парична казна од 100.000 евра за „соучесништво“ во злоупотреба на општествени средства.

Двајцата не беа присутни при изрекувањето на пресудата. Поранешниот премиер беше обвинет за воспоставување, заедно со Франсоа Леотар, на систем на нелегални ретрокомисии за големи договори за вооружување со Саудиска Арабија и Пакистан, наменети за делумно финансирање на неговата изборна кампања. Во својата пресуда, Судот на правдата сметаше дека нема „доказ за постоење на информирани упатства дадени од Едуар Баладур“ за плаќањето на овие ретрокомисии.

Исто така, Судот, составен од тројца судии и 12 парламентарци, сметаше дека ништо во досието не овозможува да се утврди од каде доаѓаат 10,25 милиони франци, што се најдоа во кампањата на Едуар Баладир, три дена по неговиот пораз на претседателски избори кои според обвинението биле од „нечесно потекло. Јавниот обвинител на 2 февруари побара една година условна казна и 50.000 евра парична казна против Баладир, сега на 91 годишна возраст, за „соучесништво“ и „прикривање“ на злоупотреба на општествени средства.

Од друга страна, Судот ги следеше барањата на обвинителството против Франсоа Леотар (78). Сомневањата за тајно финансирање на кампањата Баладир се појавија дури во 2010 година, за време на истрагата за атентатот во 2002 година во Карачи, Пакистан, во кој починаа единаесет француски вработени во Дирекцијата за поморска конструкција (ДЦН).

Едуард Баладир рече дека е „задоволен“ што правдата ја признава „конечно неговата невиност“.

Франсоа Леотар, од своја страна, изјави дека се „срами од француската правда“ и ја најави својата жалба.

„Срам ми е за француската правда и нејзините опасни деривати. Јас секогаш ќе ја бранам слободата на политичка одлука“ , реагираше тој во соопштение за печатот.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано