Поранешниот белгиски крал Алберт Втори призна дека има вонбрачна ќерка

Од:

Белгискиот крал Алберт Втори (85), кој се повлече од престолот во 2013 година во корист на својот син Филип, вечерва призна дека има вонбрачна ќерка, објавија локалните медиуми.

Алберт Втори беше принуден по судски налог да изврши ДНК анализа и да ги објави резултатите.

Постапката беше покрената по барање на Делфин Боел, која тврдеше дека е ќерка на кралот од неговата вонбрачна љубовна врска. Љубовната афера му била позната на белгиското општество долги години, но досега не било јасно дали таа е вистинита.

Со денешното соопштение е потврдено дека од 1967 до 1984 година, Алберт Втори, кој бил принц на Лиеж, имал љубовница, која во 1968 година му раѓа дете. Документи докажуваат дека во истиот период тој подготвувал развод со неговата сопруга Фабиола.

Алберт Втори постојано ја посетувал својата вонбрачна ќерка се до неговата 25-годишнина од бракот, кога и ветил на сопругата дека ќе се раздели од љубовницата и десет годишното дете, со што ја спасил брачната заедница.

Од 2001 година кралот ја прекинал комуникацијата со ќерката Боел, која во 2013 година поднесе судска постапка за докажување на татковство.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски