Поранешни команданти на ФАРК се извинија за киднапирањата и побараа простување

Од:

Осум поранешни команданти на разоружената колумбиска герилска група се извинија за киднапирањата извршени за време на долготрајниот вооружен судир, нагласувајќи дека жалат за тешките грешки.

Тоа е првпат од ноември 2016 година кога Владата и демобилизираните Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) кои постигнаа мировен договор, група поранешни команданти, вклучувајќи го и Родриго Лондоно, попознат како Тимоченко, да се извинат и прифатат дека не биле во право.

„Тука сме јавно и од срце да бараме прошка од сите наши жртви и нивните семејства“, се вели во соопштението на сегашните членови на политичката партија ФАРК, кои ги зачувале своите шпански иницијали со промена на името во Заедничка алтернативна револуционерна сила.

„Киднапирањата се тешка грешка за која можеме само длабоко да се извиниме“.

Колумбиската Влада и организациите за човекови права обвинија поранешни герилци за киднапирање на илјадници цивили и припадници на вооружените сили за време на нивниот 50-годишен конфликт во кој животот го загубија 26.000 луѓе, а милиони беа раселени.

Членовите на политичката партија ФАРК признаа дека киднапирањата сериозно ги погодиле жртвите, но исто така трајно го нарушиле нивниот кредибилитет со лишување на достоинството и слободата на нивните жртви. Притоа, тие повторно изразија подготвеност да сведочат на суд и да му дадат објаснување на колумбиското општество.

Судот може да ги лиши од слобода поранешните бунтовнички водачи за период од пет до осум години доколку преземат одговорност и го признаат злосторството.

Би можело да ве интересира

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силен земјотрес во емисија во живо: Јако се затресе