Поранешна советничка на Пенс тврди дека Трамп воопшто не се грижел за пандемијата

Од:

Поранешната советничка на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, Оливија Трој, го критикуваше одговорот на Трамп на пандемијата и рече дека планира да гласа за Џо Бајден.

Републиканката Оливија Трој беше главен координатор на активностите на кризниот штаб за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, предводена од Пенс, а Белата куќа ја напушти во јули.

На видео објавено од групата „Републикански гласачи против Трамп“, Трој вели дека администрацијата на американскиот претседател кон средината на февруари веќе знаела дека Ковид-19 ќе стане голема пандемија во САД, но оти Трамп не сакал да слуша за тоа, бидејќи најголема грижа му биле изборите и како таквата ситуација ќе влијае на неговата репутација кај гласачите.

– Вистина е дека тој навистина не се грижеше за никого освен за себе, рече таа во видеото.

– Ако претседателот сериозно го сфатеше вирусот … ќе спречеше ширење на вирусот, ќе спасеше животи, додава Трој.

Трамп изјави дека никогаш не ја запознал Оливија Трој и оти таа напишала „прекрасно писмо“ по напуштањето на Белата куќа, во кое ја фали администрацијата.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски