Поранешна агентка на КГБ го разоткри Путин, знае и кога ќе заврши војната: „Украина нема да постои“

Од:

Алија Роза, поранешен руски безбедносен оперативец кој сега предава тајни советски техники  во Беверли Хилс, вели дека има руски агенти расфрлани низ Обединето Кралство и САД.

Поранешната агентка, која славно тврдеше дека обуката што ја поминала и дала моќ да го натера секој маж да се заљуби во неа, вели дека има десетици агенти со иста обука во моментов што работат во ОК.

И, додава таа, рускиот лидер Владимир Путин употребил некои од истите психолошки трикови за да ја стекне довербата на целиот руски народ.

„Понекогаш агентите можат да живеат во различни земји, како Америка или Англија. Понекогаш двајца агенти, маж и жена, ќе се венчаат и ќе имаат деца. Тие би биле нормално семејство. Никогаш не би помислиле дека живеат двоен живот. Нивната функција е само да слушаат и да гледаат што се случува“, изјави Алија за Дејли Стар.

Таа наведува дека руската влада смета дека е важно да се знае што мислат луѓето во Европа, Америка и Велика Британија.

Алија додава дека сонот на Путин е да ги собере сите поранешни советски земји во блок како стариот СССР и дека користел многу од истите техники на КГБ што таа ги научила за да влијае на целиот руски народ.

Таа рече: „Тој го изгради својот бренд. Секоја Русинка вели „тој е толку убав“, секој маж вели „Ми се допаѓа овој човек, тој има моќ, има алатки за манипулирање…и сега тој прави сојуз со Кина, Индија и другите азиски земји и создава огромна сила што ќе биде опасна за Америка и Европа“.

„Всушност“, додава таа, „европските земји во моментов имаат голем проблем поради количината на украински бегалци“.

Според неа, Украина ќе падне

Алија додаде дека нејзините извори во Украина и рекле дека зад сцената постои верување дека порано или подоцна Русија ќе преземе контрола врз големи делови од земјата.

Таа рече: „Војната веројатно ќе трае уште две години, вели таа, бидејќи многу земји профитираат од неа финансиски и ќе сакаат да продолжи“.

Таа вели дека нејзините пријатели во Русија и Украина и рекле дека „американските производи, како iPhone, на пример, моментално се поевтини“. „Алија“ тврди дека луксузните автомобили од западно производство се дури и поевтини отколку пред војната. На крајот, Алија предвидува: „Украина како земја повеќе нема да постои“. „Земјата ќе биде многу помала“, вели таа.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ