Поранешен вработен во Гугл тврди дека компанијата работи Трамп да не биде реизбран

Од:

Поранешен вработен во Гугл тврди дека компанијата работи на тоа американскиот претседател Доналд Трамп да не биде реизбран, со тоа што ќе влијае врз претседателските избори идната година.

Во изјава за телевизијата „Фокс“, Кевин Серники, поранешен инжинер во технолошкиот гигант, изјави дека компанијата ќе употреби методи на цензура како на политичка реклама и филтрирање пребарувачки резултати за да промовира либерална политичка агенда.

-Кога претседателот Доналд Трамп победи во 2016 година првите луѓе на Гугл се појавија на сцената и плачеа, буквално целите беа во солзи. Тие ветија дека тоа нема никогаш повеќе да се случи и дека ќе ги искористат сите сила и ресурси за контрола на информацијата за тој да не биде реизбран во 2020 година, изјави Серники.

Според него, Гугл поседува податоци за секој гласач во САД и компанијате може да изгради „психолошки портрети“, во обид да ги натера гласачите да гласаат поинаку.

-Раководството е пристрасно. Постои пристрасност на секое ниво во компанијата и тие не поднесуваат различно мислење, укажа тој и потврди дека бил отпуштен откако во кадровскоит оддел се пожалил дека бил жртва на мобинг поради своите конзервативни ставови.

Серники себе си се смета за свиркач и укажа дека официјалната причина зошто го отпуштиле од работа во Гугл е злоупотреба на компаниски хардвер и софтвер систем за далечински пристап.

„Си-Ен-Би-Си“ соопшти дека Серники бил обвинет од поранешен колега дека во компанијата ширел екстремно десничарски ставови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас