Поранешен советник на Трамп помагал во политичката кампања на Владимир Путин

Од:

Поранешниот советник во претседателската кампања на Доналд Трамп од минатата година, Пол Менафорт прикриено работел за рускиот милијардер Олег Дерипаска за да му се помага на рускиот претседател Владимир Путин, пишуваат американските медиуми.

Менафорт требало да направи стратегија за да се неутрализира анти-руската опозиција во поранешните советски републики.

Уште во 2005 година, тој предложил, преку силно влијание врз политичари, бизнисмени и медиуми, во САД и низ земјите на ЕУ, како и во поранешните светски републики, да промовира и да се поттикнува власта на Путин.

Медиумите откриваат низа докази и документи за неговата поврзаност со руската страна и за она што требало да се направи, но тој се брани дека „никогаш нема работено за руските интереси“.

Менафорт не крие дека бил во врска со Дерипаска, кој важи за еден од најблиските сојузници на рускиот претседател, но Американецот се брани дека таа соработка не била поврзана со политичките интереси на Путин и на Русија.

Пол Менафорт беше шеф на изборната кампања на Трамп од март до август 2016 година, а поднесе оставка откако медиумите на САД открија дека во 2014 година ја координирал тајната лоби операција во Вашингтон, во корист на про-руска партија во Украина.

Украински адвокат тврди дека Менафорт се обидува да сокрие од американската јавност дека во 2009 година, има примено 750 илјади долари , добиени како хонорар од проруска партија во Украина.

Откритијата за врските на еден поранеше советник на претседаелот Трамп, со Русија, доаѓа во време кога стана јасно дека ФБИ води истрага за работењето на неговите советници, околу тоа дали има руско мешање во претседателската кампања во полза на актулениот претседател, а за да и се наштети на противкандидатот Хилари Клинтон, која беше жесток критишар на Путин и неговата политика, во Украина, кон ЕУ и во Сирија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах