Поранешен руски градоначалник поставен на чело на окупираните територии во областа Харков

Од:

Поранешниот градоначалник на рускиот град Краснодар, Андреј Алексејенко е назначен на чело на новата влада во североисточна Украина што ја постави Русија, јави денеска руската агенција ТАС, а пренесе Ројтерс.

Андреј Алексејенко вчера поднесе оставка од функцијата градоначалник на Краснодар, 16-тиот по големина град во Русија.

Според агенцијата ТАС во извештајот кој се повикува на уредбата на локалната администрација, Алексејенко сега ќе го предводи новиот совет на министри во провинцијата Харков назначен од Русија.

Руските власти претходно најавија дека областите што ги зазедоа во Украина никогаш нема да се вратат под контрола на Киев и дека референдумите за нивно пристапување кон Русија би можеле да се одржат наесен.

Украина ги нарече „псевдо референдуми“ и вети дека ќе ги спречи.

Руските сили во моментов контролираат помалку од половина од Харковската област, според Ројтерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он