Поранешен припадник на „Вагнер“ тврди: Оние што не сакаа да се борат беа стрелани

Од:

Андреј Медведев, поранешен член на руската платеничка група Вагнер, во интервју за Си-Ен-Ен призна дека бруталноста на која бил сведок во Украина на крајот го принудила да пребега. Тој рече дека членовите на Вагнер често биле испраќани во битка без никакви инструкции и дека приватната воена компанија безмилосно се однесувала со сите оние регрути кои неволно влегле во битка.

„Оние кои не сакаа да се борат, ќе бидат собрани и стрелани пред дојденците. Донесоа двајца затвореници кои одбија да се борат и ги застрелаа пред сите и ги закопаа во ровови ископани од регрутите“, опишал Медведев кој интервјуто го дал во Осло, Норвешка, каде бара азил откако ја преминал арктичката граница.

26-годишниот Медведев тврди дека претходно служел во руската армија, а потоа се придружил на групацијата Вагнер како волонтер. Тој замина за Украина помалку од десет дена по потпишувањето на договорот во јули 2021 година, служејќи во близина на Бахмут, град на првата линија во регионот на Доњецк. Групата платеници на кои и припаѓаше се наметна како многу важен актер во руската инвазија на Украина.

Медведев рече дека им одговорил директно на основачите на групата, Дмитриј Уткин и рускиот олигарх Евгениј Пригожин, кого го нарекува „ѓаволот“.

„Да беше руски херој, ќе земеше оружје и ќе се бореше заедно со војниците“, смета поранешниот припадник на Вагнер.

Пригожин претходно потврди дека Медведев служел во неговата група, додавајќи дека „требаше да биде кривично гонет за обид за злоупотреба на затвореници“.

Поранешниот припадник на Вагнер во интервјуто не сакаше да коментира што правел додека се борел во Украина. Тој истакна дека на групацијата Вагнер и недостига воена стратегија и дека војниците подготвуваат планови во лет.

„Немаше вистинска тактика. Ќе добиевме само информации за позицијата на непријателот. Немаше конкретни наредби како треба да се однесуваме. Сами планиравме како ќе одиме, чекор по чекор“, опиша тој.

Тој истакнува дека при бегството „најмалку десет пати“ избегнал апсење и куршуми од руските сили. Тврди дека преминал во Норвешка преку ледено езеро користејќи бела камуфлажа за да се вклопи. Медведев рече дека веќе на шестиот ден од неговиот престој во Украина знаел дека не сака повеќе да се враќа таму бидејќи бил сведок како војниците се користат како „топовско месо“.

Би можело да ве интересира

Русите се почесто користат дронови во близина на Бахмут

Ана Ололовска

Лажна е фотографијата на која Путин е клекнат пред кинескиот претседател

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите фрлија бомба од 1500 килограми врз Украинци во Запорожје

Ана Ололовска

Словачка и предаде на Украина 4 авиони МиГ-29

Ана Ололовска

ВИДЕО: Зеленски го посети Херсон, вети дека ќе обнови сè

Ана Ололовска

Блумберг: Пригожин планира да се повлече од Украина

Ана Ололовска