Поранешен помошник на Путин: Рускиот претседател има план за бегство, се вика „Ноева арка“

Од:

Поранешниот помошник на Путин, Абас Галијамов, тврди дека рускиот претседател и неговите најблиски сојузници веќе имаат подготвен план за бегство, кој би бил спроведен доколку работите тргнат наопаку за нив. Галијамов, кој ги пишуваше говорите на Путин, ова го изјави вчера на неговиот канал на Телеграм, повикувајќи се на анонимен извор за кој рече дека има инсајдерски информации.

Подготовката на планот за евакуација наводно почнала пролетта, а целата операција неофицијално била наречена „Ноева арка“. „Како што сугерира името, тоа е потрага по нова земја во која ќе избега во случај ситуацијата дома да стане непријатна за него. Соработниците на Путин не ја отфрлија можноста тој да ја изгуби војната, да биде сменет од власт и потоа итно евакуиран“, напиша Галијамов.

Галијамов рече дека на почетокот бил разгледуван планот за евакуација во Кина, но подоцна бил напуштен поради страв дека шансите за соработка со Кинезите се мали, особено што тие „ги презираат губитниците“. Затоа, Аргентина и Венецуела почнаа да се разгледуваат како потенцијални опции, при што сојузникот на Путин, Игор Сечин е задолжен да го надгледува планот за евакуација во Венецуела.

Доказ дека спроведувањето на планот е далеку напреднат е фактот што Сечин „официјално поднесе оставка“ од нафтениот гигант Роснефт, за да може целосно да се посвети на подготовката на планот за евакуација, додава Галијамов. Каналот на Телеграм Mozhem Obyasnit исто така објави дека високи руски функционери почнале да купуваат недвижен имот и да работат на добивање дозвола за престој во Венецуела.

Извор беше цитиран дека руските власти купуваат имот на островот Маргарита во Венецуела, претпоставувајќи дека ќе бидат безбедни од екстрадиција таму. „Островот Маргарита во Венецуела е нивниот локален Куршевел“, рече изворот, споредувајќи го потенцијалното скривалиште на Кремљ со познато скијачко одморалиште на француските Алпи.

Во исто време, пониско рангираните во претседателската администрација и руската влада, наводно, бараат престој во Еквадор, Парагвај и Аргентина. Галијамов е убеден дека самото постоење на планот за евакуација покажува дека не оди се според планот за Кремљ, иако руското раководство се обидува да ја убеди јавноста во спротивното, пишува Daily Beast.

Путин неодамна се обиде да ги минимизира извештаите за рекордно низок морал кај руските војници, кои се наситија од војната, иако поминаа само девет месеци од почетокот на инвазијата. Во последниве недели, имаше бројни извештаи за регрути кои масовно бегаат од воените бази, откако беа игнорирани нивните поплаки за лошата опрема и залихи.

Војната во Украина е сè повеќе критикувана и од семејствата на војниците, што наведе некои експерти да сугерираат дека може да доведе до граѓанска војна од целосен обем. Сепак, Путин истакнува дека се е во ред.

„Нема проблеми со дезертерството во зоната. Имаше изолирани инциденти, но генерално нема ништо такво. Дали има луѓе кои ги напуштаат своите позиции? Да, тоа се случи. Се случува се помалку и помалку“, порача Путин вчера на средба со членовите на државниот совет за човекови права.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите