Поранешен дипломат на Ватикан осуден поради детска порнографија

Од:

Ватиканскиот суд денеска го осуди ватиканскиот дипломат монсињор Карлo Капела на пет години затвор поради поседување и дистрибуција на детска порнографија.

Тоа е прво такво судење во Ватикан. Капела покрај затворската осуден е и на парична казна од 5.000 евра.

Капела призна дека гледал слики со детска порнографија во периодот, како што рече, на внатрешна криза предизвикана со преместувањето на служба во Ватиканската амбасада во Вашингтон.

На крајот од дводневното судење тој се извини на своето семејство и на Ватикан и побара помала казна, тврдејќи дека таа епизода била само „препрека на патот“ и оти сака да продолжи да биде свештеник.

Претседателот на Судот, Џузепе Дала Торе изрекувајќи ја пресудата наведе дека Капела продолжил да пристапува кон материјали со детска порнографија и откако бил отповикан од Вашиннгтон во 2017 година.

Претходно, американскиот Стејт департмент го извести Ватикан дека се сомнева оти еден од нивните дипломати во Вашингтон „го крши законот што се однесува на фотографии со детска порнографија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска