Поранешен амбасадор на САД, пијан предизвикал несреќата и избегал

Од:

Поранешниот американски амбасадор во Ирак и Авганистан, Рајан Крокер се соочува со казна, бидејќи возел пијан и предизвикал сообраќајна несреќа со камион во Спокејн, во Вашингтон, и потоа побегнал од местото на несреќата.

Крокер кој на почетоткот на оваа година се повлече од функцијата амбасадор во Авганистан поради лошата здравствена состојба, според алхо-тестот имал два пати поголемо количество алкохол во крвта од дозволеното.

Крокер се обидел да сврти десно од левата лента, но не успеал и се судрил со камион, за потоа да избега од местото на несреќата, за што наскоро ќе биде казнет. За среќа, ниту тој, ниту возачот на камион не се повредени.

Ако биде прогласен за виновен за возење под дејство на алкохол и бегање од местото на несреќата, Крокер за секое дело поединечно може да биде осуден на парична казна од околу 5000 долари, а максималната казна може да биде 364 дена затвор.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана