Поранешен агент на ЦИА осуден на 19 години затвор поради шпионажа

Од:

Поранешен агент на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) вчера е осуден на 19 години затвор откако федералниот суд во Вирџинија го прогласи за виновен за шпионажа во корист на Кина.

Џери Чуан Шинг Ли (55) замина од ЦИА и се пресели во Хонгконг. Тој во 2010 година бил контактиран од двајца припадници на Кинеската разузнавачка служба, кои му понудиле пари и „доживотно“ старателство над него во замена за информации до кои дошол додека бил во ЦИА.

Стотици илјади долари биле уплатени на сметка на Ли во периодото од 2010 до 2013 година во замена за информации од ЦИА.

Ли е уапсен на Хаваи, кога агенти на ФБИ во неговата хотелска соба пронашле нотес кој содржел рачно напишани информации за ЦИА.

Осудениот Ли располагал со чувствителни информации за ЦИА,како што се банкарски сметки на американската агенција, локации за оперативни состаноци, телефонски броеви и детали за тајните локации на ЦИА.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски