Поради земјотресот, САД ќе ги ублажи санкциите за Иран

Од:

Американската влада ќе ги олесни своите санкции врз Иран во наредниот месец и половина, овозможувајќи им на невладнините организации да финансираат и да испорачуваат хуманитарна помош со цел ревитализација на земјата по земјотресот, објави на својата веб страна американското Министерство за финансии.

Сепак за трансфер на поголеми количини пари, потребна е посебна дозвола од Министерството за финансии.

Невладини организации од САД до 5. октомври оваа година ќе можат да префрлуваат средства на Иран, во износ до 300.000 долари, а за испорака на храна и лекови за повредените не е потребна никаква дозвола.

Според податоците, во земјотресот што на 11. август го погоди северозападниот дел на Иран, загинаа околу 300 луѓе, повредени се повеќе од 3.000, а материјалната штета надмина 650 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел