Поради топлотниот бран првачињата во Аргентина можат да одат на училиште во костими за капење

Од:

Поради топлотниот бран што зафати неколку региони на Аргентина, едно училиште во градот Росарио донело во најмала рака необична одлука: учениците од пониските одделенија можат да доаѓаат на училиште во костими за капење и да се прскаат со вода за време на одмор, објавија локалните медиуми.

Топлотен бран веќе две недели владее со провинцијата Буенос Аирес и неколку други провинции во централниот север на Аргентина, создавајќи бескрајно лето и соборувајќи ги температурните рекорди. Ова е најжешкото лето од почетокот на мерењата во 1906 година во Буенос Аирес, односно најтопло од 1961 година на ниво на целата земја.

Поради горештините, многу училишта минатата недела ја прекинаа наставата бидејќи многу од нив не се опремени со клима уреди и чекаат да падне температурата деновиве.

Но, училиштето во Росарио, град оддалечен 310 километри од Буенос Аирес, не може да користи клима поради низок напон, па одлучи да ја прекине наставата во средните училишта.

Проблемот, сепак, е покомплексен, со децата од одделенска настава кои не можат сами да останат дома затоа што нивните родители работат, па училиштето дошло до решение.

„Одлучивме учениците кои сакаат да можат да го следат часот во костим за капење и сандали, а да имаат пешкир и облека за пресоблекување. Одморот ќе го поминат под сенка, а не на сонце и можат да се ладат со вода“, напиша управата во писмото до родителите, како што пренесува Ла Капитал, дневен весник од Росарио.

„Ве повикуваме да го погледнете од едукативна гледна точка“, рече директорот на училиштето Маријан Санчез. „Никогаш не сме виделе ваква жештина и училиштето е должно да одговори на тоа“, нагласи таа и додаде дека родителите не треба да се грижат бидејќи училиштето ќе се погрижи водата да не се троши, па наставниците ќе ги „ладат децата во групи“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски