Поради терористичка закана од ИД, во САД се заоструваат безбедносните мерки

Од:

Полицијата во американската сојузна држава Вирџинија го засили своето присуство на клучни цели во областите во непосредна близина на главниот град на САД поради потенцијалната закана од терористичката група Исламска држава (ИД), јави синоќа телевизијата Си-Би-Ес.

Заострувањето на безбедносните мерки го потврди и самата полиција. – Го зајакнавме нашето полициско присуство во целиот округ, вклучувајќи ги главните артерии, транзитните центри и трговските центри, рече Кевин Дејвис, началник на полицијата во округот Ферфакс, јужно од главниот град на САД.

Според телевизијата, засилени безбедносни мерки ќе бидат во сила најмалку во текот на викендов, кога САД го слават Халовин (Ноќта на вештерките), како и пред изборите за гувернер во Вирџинија, кои ќе се одржат на 2 ноември.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски