Поради технички проблем, 2.500 куфери останаа на аеродромот во Дизелдорф

Од:

На аеродромот во Дизелдорф, поради дефект, дојде до проблеми околу испораката на куфери, поради што многу патници полетаа без својот багаж.

Како што пренесуваат германските медиуми, седум ленти за предавање багаж откажаа, така што илјадници куфери се собраа во салата за испорака, бидејќи не можеа да се префрлат во авионите.

Од аеродромот соопштија дека се работи за технички проблем. По неколку часа само ограничен број куфери се поминати низ безбедносната контрола и ставени во авион.

Се проценува дека околу 2.500 куфери останале на аеродромот во Дизелдорф.

Во меѓувреме, дефектот е отстранет и сите ленти работат нормално. Најавено е дека багажот во најбрз можен рок ќе им биде доставен на патниците.

Би можело да ве интересира

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

Германската полиција го пронајде бебето на убиената жена од Украина

Горан Наумовски

Случаен минувач спасил бебе и баба од давење во река во Германија

Бундестагот повторно ја отфрли нацрт-резолуцијата за испорака на ракети „Таурус“ за Киев

Украинка е пронајдена мртва во Хокенхајм, исчезнаа нејзиното бебе и мајка

Горан Наумовски

Пронајдена е најголемата масовна гробница во Европа

Горан Наумовски